ZLATEV
01 / 01
+389 74 222 457

За ZLATEV

furniture + design solutions.

Златев е тим од оптимисти, полни со ентузијазам и сон да креираат нов бренд којшто на пазарот ќе понуди уникатни и високи стандарди. Со своето постоење од две години, ние веруваме во дизајнот, длабоко навлегуваме и го проучуваме секој негов аспект како креатор на нашето секојдневие. Ги почитуваме високите критериуми којшто ги користеле и старите добри мајстори. Како кохезионен тим, создаваме нов склоп на уникатно дизајнирани високо квалитетни парчиња мебел, чија цел е естетски изглед и функционално користење. Воедно создаваме дизајн кој ја задоволува пасијата на нашите потрошувачи.
ЗЛАТЕВ создава производи дизајнирани да ги поместат границите на квалитетот на нашето живеење на повисоко ниво.

НАШИ УСЛУГИ

ПРОЕКТИРАЊЕ

Во рамки на врвните и светско модерните стилови на ентериер, Златев Инженеринг Ви нуди палета на најсофистицирани производи по Ваша желба и вкус. Циклусот за еден готов производ претходи на проектирање од квалитетен и стручен кадар, изработка од врвните мајстори на тимот Златев, најбезбеден транспорт до Вашиот објект и монтажа по највисоки стандарди. Желбата на клиентот се реализира најпрво во 3D проект, за кој подоцна се изготвува технички цртеж преку кој се реализира замислата, за на крај да излезе готов производ.

ИЗРАБОТКА

Изработката ја вршат високо обучени професионалци кои замислата ја претвораат во готов производ. При изработката на парчињата кои ќе бидат дел од ентериерот, се користат најпрефинети материјали во боја и текстура со врвен квалитет, отпорни на надворешни влијанија и пријатни на изглед. Секое едно парче мебел е изработено со многу внимание, прецизност и желба да го направи клиентот задоволен.

ТРАНСПОРТ И МОНТАЖА

Творечка постапка на бирање алати и распоредување на елементи во сцени и секвенци и нивно групирање во едно конечно дело. Одбирање на различни делови, одломки од уметнички дела и нивно соcтавување во една смисловна целина е целта на секој член од нашиот тим. Zlatev располага со сопствени возила за безбеден транспорт до локацијата. При транспортот елементите се изложени на максимална заштита и внимание.

НАШИОТ ТИМ

Стојан Златев

Дипломиран архитект кој отсекогаш хоризонтите на својата визија ги проширува на креативно ниво. Сака клиентите да ги прави задоволни, со тоа што ќе се чувствуваат комфорно во своето опкружување.