ZLATEV
01 / 01
+389 74 222 457

Проектирање и реализација на семеен апартман од 160м2 во Прилеп

Во свет од бескрајни идеи, создаваме уникатна атмосфера во дизајнот на ентериерот кој ќе им даде позитивни емоции и инспирирана гордост на сопствениците. Процесот на проектирање беше воден од идеjата на креирање хармонична циркулација, со мултифункционални содржини како и компактен, просторно прилагоден мебел дизајниран конкретно за овој простор.

Делото, со комбинација од модни трендови, резултираше со хармонично комбинирање на функционалноста и декоративноста. Креиран е отворен, елегантен и адаптибилен простор со компоненти кои содржат голем капацитет на простор на складирање.

Овој модерен стил органски вклопува елементи на уметност, скапи и современи материјали. Сите граници се заматени и постои симбиоза на хармонија, удобност и модернизам.